Friday ,18 October 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Познати групите и распоредот на натпревари за струшкиот ракометен турнир
Познати групите и распоредот на натпревари за струшкиот ракометен турнир

Познати групите и распоредот на натпревари за струшкиот ракометен турнир

Организаторот на традиционалниот струшки турнир ги објави групите и распоредот на одигрување натпревари. Турнирот ќе се одигра во периодот од 12-15 август на   отвореното игралиште на Женска плажа во Струга.

Вардар ќе биде во групата 1 заедно со екипите на Струга и Бутел, додека во групата 2 се екипите на Еурофарм Пелистер, Металург и Тиквеш. Турнирот го отвараме на 12.август со натпревар против домаќинот Струга, додека на 14.август на распоред е дуелот со екипата на Тиквеш.

grupi-struga-1536x809

230599243_3977897729006675_5431960337693464195_n

Екипите кои ќе завршат на првото место во двете групи, ќе играат во големото финале, кое е закажано за на 15.август.