Во пресрет на новата натпреварувачка сезона во Лигата на Шампионите, од ЕХФ по традиција направија избор на најдобри десет трансфери.
Вардар го направил петтиот најдобар трансфер сезонава, според анализата на стручните лица во ЕХФ. Преминот на Едуардо Гурбиндо од Нант во Вардар се најде во ТОП-5 најдобри трансфери во Лигата на Шампионите. Уште еден играч е поврзан со Вардар, тоа е Иван Чупиќ и неговото заминување од Вардар во екипата на ППД Загреб, се најде на осмата позиција.
За број еден траснфер е преминот на Даилан Наи од ПСЖ во екипата на Киелце, додека на второто место се најде Арон Палмарсон кој го засили Алборг од екипата на Барселона.
Гурбиндо моментално е во Токио, каде со Шпанија се натпреварува на Олимписките игри. Се очекува по нивното завршување да се приклучи на новиот клуб.