Monday ,26 September 2022
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > ЖКК Вардар и шампионот Баскет Кам со 20.бода, Бадел лидер на табелата по есенскиот дел со 22.бода
ЖКК Вардар и шампионот Баскет Кам со 20.бода, Бадел лидер на табелата по есенскиот дел со 22.бода

ЖКК Вардар и шампионот Баскет Кам со 20.бода, Бадел лидер на табелата по есенскиот дел со 22.бода

Календарската 2021 година кошаркарките на Бадел 1862 ја завршија како непобедливи. И по 11. коло, актуелниот вицешампион го задржа максималниот ефект. Во последното коло од веќе мината година, „баделки“ славеа нов, убедлив триумф (93:61), на гостувањето кај Работнички.

Многу потешка победа реализираше актуелниот бранител на титулата. Кошаркарките на Баскет Кам 2011 стигна до победата против МЗТ Скопје Аеродром, но многу потешко од очекувањата (73:65), па сезоната ја завршуваат со ефект (9-2). Ист како што има и екипата на Вардар, која во овој круг од натпреварите лесно ја совлада младата екипа на Крива Паланка (86:65).

Приклучок со водечките држи и екипата на Струга 2009 која делуваше убедливо во мечот против кавадаречки Пробаскет (69:48).

Следното првенствено коло во Првата лига-жени ќе се одигра на 22.јануари, 2022 година

ПРВА „А“ ЛИГА

РЕЗУЛТАТИ 11. КОЛО

Струга 2009 – Пробаскет           69:48

Работнички – Бадел 1862         61:93

Вардар – Крива Паланка           86:65

МЗТ Скопје Аеродром – Баскет Кам 2011   65:73

ТАБЕЛА:Бадел 1862 22, Вардар 20, Баскет Кам 2011 20,  Струга 2009 18, Крива Паланка 15, Работнички 13, МЗТ Скопје Аеродром 13, Пробаскет 11;

ИДНО КОЛО (22.01.2022)

Пробаскет – Работнички

Крива Паланка – Струга 2009

Бадел 1862 – МЗТ Скопје Аеродром

Баскет Кам 2011 – Вардар