Заврши овогодниешното издание на Македонската кугларска лига. Вардар кој во ваков формат постои од лани одкако дузина ентузијасти решија да го вратат црвено-црното име помеѓу кугларскиот свет. И веднаш во првата година успееа да бидат второласирани со подобар резултат од сите клубови кој постојат поголем временски период и да се најдат веднаш зад КК Макпетрол кој е суверен владетел со куглањето во земјава деценија и пол. Браво момци за успехот во оваа сезона , но и за вашата преданост, труд, воља, љубов и желба Вардар да биде име кое ќе значи многу и во овој спорт , ви честита редакцијата на Вардарфанс .
КК Вардар со убедлива победа од 7-1 над КК 18 Август во последното 14 коло од Македонската кугларска лига , ја завери вицешампионската позиција. Вардарци ја оправдаа улогата на фаворит и рутинирано дојдоа до победата , по која славјето за успехот во првата сезона од своето постоење може да започне.
Најистакнати поединци кај црвено-црните повторно беа ударниот пар Димитар Димитровски- Бојан Влаќевски кои соборија 624 односно 617 кегли, со што ја заземаа втората и третата позиција во ТОП 6 тимот на колото.
Во другите натпревари немаше изненадувања , Макпетрол го совлада убедливо Работнички и официјално ја освои титулата шампион, ГТЦ беше подобар од Империјал Тобако, а Хераклеа го доби дуелот со Македонија службено.
Следните кугларски возбудувања ќе се случат на 09.05.2015, кога ќе се одржи Купот на Македонија каде Вардар ќе атакува на првата своја титула во историјата.