Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Дејан Манасков- На Македонското ракометното дерби навивав за …
Дејан Манасков- На Македонското ракометното дерби навивав за …

Дејан Манасков- На Македонското ракометното дерби навивав за …

Во саботата во Спортскиот Центар Јане Сандански се одигра ракометното дерби на земјава во кое Вардар покажа дека моментално е единиствениот доминантен преставник на Македонскиот клубски ракомет .

На дербито  кое беше најслабо посетен меч помеѓу овие два ривала во последно време помеѓу другите беше присутен и некогашниот играч на сино-белите и иден играч од летово на РК Вардар младиот Македонски репрезенативец Дејан Манасков. На социјалната мрежа Инстаграм на својот профил Манасков објави слика од присуството на овој меч. Истиот доби прашање од некогашниот соиграч од Металург и сегашен соиграч од германски Велцер Липовина за кого навива на мечот. Липовина исто така се поврзуваше со Вардар , но заминувањето од тренерското место на неговиот сонародник Вујо го пренасочи кон Автокоманда.

Дејан му одговори дека навива на ова дерби за сопствениот брат кој настапува во тимот на Металург. Интересна е ситуацијата во ова познато Македонско ракометно семејство таткото Пепи легендата на Македонскиот ракомет и поранешен играч на Вардар е шеф на стручниот штаб на Вардар Јуниор,  Дејан од летово е играч на црвено-црните  , а најмалиот брат е актуелен член на РК Металург. Дали големата братската љубов кон помалиот брат или годините минати во таборот на тимот од Автокоманда беа пресудни да навива за тој табор не знаеме , но сепак се надеваме дека во следите три  сезони колкаво што е времетрањето на договорот  Дејан ќе биде одличен во црвено-црниот дрес .

vardarfans deko