Во „малото финале“ девојките од ЖКК Вардар М16 беа подобри од Бадел 1862 (82:64) доволно за бронзени медали на турнирот во Делчево. Младите кошаркарки на Вардар се освојувачи на третото место на завршниот турнир од М16 лигата-жени, кој овој викенд се игра во Делчево.
Иако првата четвртина им припадна на кошаркарките на Бадел 1862, со сосема солидни (24:20), во продолжението од натпреварот, девојките во „црвено-црна“ комбинација ја преземаа контролата над играта, и на резултатот. До полувремето, направија пресврт, поведоа со (40:31). Но тука не застанаа, напротив, како одминуваа минутите, така растеше и нивната предност. До крајот на третата четвртина веќе имаа недостижни (65:51). Видео од малото финале ви носиме во продолжение.
*Видео од целиот натпревар може да погледнете на следниот ЛИНК!