Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Кадетите на ФК Вардар одиграа без голови против Црвена Ѕвезда
Кадетите на ФК Вардар одиграа без голови против Црвена Ѕвезда

Кадетите на ФК Вардар одиграа без голови против Црвена Ѕвезда

Младите надежи на ФК Вардар одиграа извонреден натпревар против екипата на Црвена Ѕвезда, на турнирот „Куп на Пријателство“ кој заврши без голови 0:0.

Вардар беше поконкретен во првиот дел, додека противникот имаше две прилики во второто полувреме, но сепак до крајот на натпреварот не видовме гол во двете мрежи. На крајот конечниот резултат гласеше 0:0

Вардар: Андреј Данстак, Марко Стојилевски, Кристијан Таневски, Давор Серафимов, Горјан Цветков, Ѓорѓи Дошев, Лука Јакимовски, Филип Јовановски, Алтин Алији, Симеон Здравковски и Никола Величковски.

Играа уште и Дарко Сековски, Тино Спасиќ, Арбин Курти, Сандро Каровски и Нуман Ајетовиќ.

На Вардар сега му е потребен само еден бод од натпреварот против екипата на Олимпија, со оглед дека Олимпија беше поразена во првото коло од екипата на Црвена Ѕвезда со резултат 4:0. Натпреварот против екипата од Словенија се игра во текот на утрешниот ден со почеток од 11:00 часот.