Во периодот од 10-12.јуни генерацијата 2009 на ФК Вардар ќе се натпреварува на силниот меѓународен турнир „Вујадин Бошков Куп“.
Вардар се наоѓа во групата со екипите на Темишвар, Национал Ниш и Нови Сад. Тренерот на оваа генерација, Зоран Петковски, на располагање ќе има 15 играчи.
Составот кој ќе настапи на турниров: Марко Баснарков, Вилијам Ангеловски, Даниел Колевски, Павел Котески, Максим Дошев, Јаков Стојковски, Матеј Николов, Мартин Атанасовски, Давид Колевски, Даријан Величковски, Давор Павловски, Михаил Божиновски, Мартин Смиљков, Алек Чедомирски и Даријан Денковски.
Првиот натпревар го играме на 10.јуни против екипата на Нови Сад.