Кошаркарскиот клуб Вардар уште еднаш ја потврди својата доминација во младинските лиги, освојувајќи ја титулата за генерацијата до 16 години. Нашите момци за противник во финалето го имаа тимот на Феникс, во финалто кое се играше во “Кале“ успеаја да триумфираат со 75-71. По мечот огромна беше радоста за освоеното злато на нашите момци.
Оваа генерација одигра перфектна сезона во 27 дуели тие обезбедија дури 25 победи и забележаа само 2 пораза. Видеото за оваа шампионска црвено-црна кошаркарска генерација ќе може да го погледнете-тука.