Дури четворица од шесте играчи на фудбалскиот клуб Вардар колку што се дел од младата селекција на Македонија, го одиграа вечерашниот натпревар за младата репрезентација на Република Македонија на Европското првенство, кое се игра во Полска.
Голот го бранеше нашиот млад голманот Игор Алексовски, Милевски го искористи Дарко Велковски како штопер, Бесир Демири настапи како лев бек, а Бобан Николов стартуваше како последен играч за врска. Црвено-црните момци беа дел од македонската селекција која дебитираше на ЕП У-21 во Полска и која беше поразена од Шпанија со 5:0. Покрај овие момци шанса на клупата за резерви на овој натпревар чекаа Петар Петковски и новото засилување Висар Муслиу. Сепак истите не добија прилика да играат на дуелот во Гдиња. За селецијата У-21 на црвено-жолтите им остануваат уште два меча во групата, најпрвин против Португалија и последниот против соседна Србија.