Saturday ,18 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Балотели, Фелипе, Барсегјан и Џигаури се приклучуваат на тимот во базата Бад Татцмансдорф

Балотели, Фелипе, Барсегјан и Џигаури се приклучуваат на тимот во базата Бад Татцмансдорф

Вчера  попладне црвено-црните го одработија и последниот тренинг пред заминувањето на подготовки во Австрија. Играчите и стручниот штаб на Вардар од денес втората фаза од подготовките ќе ја реализираат во Бад Татцмансдорф, каде ќе останат во следните две седмици.

Овде покрај тренинзите, за темпирање на формата ќе бидат одиграни и меѓународни пријателски натпревари. Ние овде утре, 19ти јуни ќе го дознаеме и противникот за двомечот во треттото коло во Лигата на европски фудбалски шампиони.  Тимот ќе се комплетира во Австрија, па така на црвено-црната експедиција  ќе се приклучат  Бразилците Џонатан Боарето и Хуан Фелипе, како и играчите од  Ерменија и од Грузија, Тигран Барсегјан и Џамбул Џигаури. Целосно комплетирање екипата ќе има со  доаѓањето на шестмината млади репрезентативци по завршувањето со обврските со селекцијата на Европското првенство.