Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Куглање! Димитровски Димитар и Влаќевски Бојан вчера настапија на финалниот дел од силниот меѓународен турнир во Хрватска
Куглање! Димитровски Димитар и Влаќевски Бојан вчера настапија на финалниот дел од силниот меѓународен турнир во Хрватска

Куглање! Димитровски Димитар и Влаќевски Бојан вчера настапија на финалниот дел од силниот меѓународен турнир во Хрватска

 Двајца вардарци, браќата Димитровски, Дарко и Димитар престојуваа во  Хрватска каде настапија на на силен меѓународен турнир во Ожаљ. Тие земаа учество на  последен ден од квалифинацискиот дел во петокот.  Покрај Дарко и Димитар за Ожаљ отпатува и поранешниот вардарец, играчот кој зимово од Вардар направи трансфер во хрватското куглање Бојан Влаќевски.

На квалификациите одлично минаа членовите на некогашното ударно вардарово дуо Димитровски-Влаќевски.  Тие обезбедија пласман на вчерашниот финален ден каде играа само најдобрите 16 куглари од стотиците кои земаа учество на овој турнир. Дарко Димитровски имаше солидна партија во петокот сепак истата не беше доволна за пласман во топ-16 играчи на турнирот. Димитар Димитровски повторно отиде над 600 плус, тој со соборени 609 “дрва“ се пласираше во финалното соочување со ривалите. Бојан Влаќевски на квалификациите одигра брилијантно, со 628 “соборени дрва“ како четврти најдобар обезбеди место во вчерашното финално натпреварување. За жал двајцата не успеаа да ги повторат бројките од првиот ден кои би им гаранирале пласаман близу или на врвот. Димитровски Димитар со 593, се пласираше на 10.место. Влаќевски со 605 ја зазема седмата позиција на финалниот ден.