Вчера на Академијата на фудбалскиот клуб Вардар се одигра последното коло од Вардар Јуниор Лигата. На последниот викенд беа одиграни вкупно седум натпревари. Кај генерација 2008 Вардар одигра два дуели, момците кои ги предводеше Златко Таневски дојдоа до две високи победи. Во дуелот со Еврофудбал триумиравме со 9:1 (2:1). За нас стрелаа: Ненад Дамјаноски 4, Стефан Бранковски 3, Јаков Стојковски 1, Арти Азизи 1. Во вториот меч Вардар се сретна со Прилеп и однесе победа со 6:2 (2:1). На овој меч погодуваа Коста Бошковски и Стефан Марковски по три пати.