Во петокот на терените на фудбалската Академијата на Вардар тренерот на голманите во младинските категории Слободан Мутибариќ направи натпревар помеѓу сите голмани кои тренираат моментално во Вардаровите категории – петлиња., т.н “војна на голманите“. Во истата учествуваа Давид Петковски (2003), Стефан Тасев, Васко Василев, Горазд Гигов, Наум Ангелов и Алмир Колиќ (2004), Леонид Илиевски (2005), Андреј Данстак, Мартин Ивановски, Дамјан Таневски (2006), Лука Јаневски, Јовица Спасовски, Даниел Исајловски, (2007), Лука Грчевски и Александар Милошевски (2008). Кај највозрасните првото место му припадна на Стефан Тасев, од генерацијата родени “2004“ . Кај генерациите родени “2005“ и “2006“ година, наградата замина во рацете на Андреј Данстак, додека интересно беше кај најмалите родени “2008“ и “2009“ година. Тука поради еднаквиот број на победи, на крајот како победници се прогласија дури тројца голмани. Тоа се Лука Грчевски, Јовица Спасовски и Даниел Исајловски.