Вардарецот Владимир Егоров кој се бори во категоријата до 57 килограми, според одлуката на тимот ќе биде дел од германскиот тим SVW BURGHAUSEN, како позајмен бидејќи во земјава се до февруари идната година нема активности.
Викендов нашиот Владимир го имаше првиот настап кој го доби убедливо со 0-4, по само 1 минута и 56 секунди тој го реши својот дуел и донесе поен за тимот во кој е позајмен од нашите редови. Погледнете видео од овој дуел каде нашето момче покажа доминација во текот на целата борба.