На ден 22 Септември (Петок) ќе започне Традиционалниот турнир во мал фудбал, кој 9 години се организираше како Меморијален Турнир во чест на Томо – Комита. Оваа јубилејна 10-та година по ред видно изменет со различен концепт и со официјална поддршка и ко-организација од н.г. Комити Запад. Еден турнир за сите наши прерано заминати членови, кој со таков концепт ќе прерасне во традиционален. На нив со прекрасна колумна која може да ја читате во продолжение не потсети- Милорад Миленковски.
.
Животот е краток, тоа што ќе го направиме додека сме помеѓу живите по тоа и ќе бидеме запаметени…По своите дела, постапки, харизма, храброст, лојалност, пожртвуваност… Всушност тоа се особините кои ги поседува секој вистински човек, секој достоен на заклетвата да биде наречен комита и да припаѓа во една таква заедница која се формираше во далечната 1987-ма година, како симбол на отпорот и новите ветрови кои ја најавија и независноста на нашата земја и татковина… Понекогаш судбината е навистина неправедна и ги зема оние кои се пример за нас останатите, репер за тоа како треба да изгледа вистински човек, вистински Комита, идол и легенда чии постапки ни биле и се мотив да се надградиме себеси и да бидеме барем близу до нив… Поминаа 30 години од нашето формирање, 30 години откако првото знаме Комити беше закачено на оградата на Западната трибина…Бурен почеток, бурен тек, ретко мирни времиња…Срцето трепери, духот живее, градот е буден… Не може да почне никаква прослава се додека на овој свечен јубилеј не ги поздравиме тие кои оставија огромна празнина во нашите срца, но и легенда и историја зад себе…Отсутни сте физички за да заедно го прославиме овој јубилеј, но присутни сте со нас се додека постоиме и ние…Ова е во ваша чест…
Сокол…Кога ќе се спомене неговото име нема Комита кој не се наежува, вистински симбол и херој на многу генерации родени уште длабоко во бившата земја, не напушта кога е во врвот на неговата слава и идеологија, кога Западот значи многу повеќе од само една навивачка трибина…Природен лидер кој влева почит кај секого, не напушти многу рано, но не те заборавивме никогаш. На Западот сите генерации кои дојдоа по тебе со гордост ги слушаат приказните за тебе…Кога Западот го водеше Сокол, е тоа беа времиња…
Штракало…Па зарем постои на светот навивач на клуб кој поседува таква лојалност и скромност, притоа имајќи толку големо искуство, толку поминато зад себе…Со радиото на Запад слуша мулти преност домашно првенство, забележува резултати стрепејќи секој момент резултатите да се вклопат во интерес на Вардар…Ти си нашиот ‘Ван Бастен’ на небото, како ли би го слушал преносот од Келн и освоената титула, ќе беше со нас во Истанбул, со стариот дрес на Милан кој само ти имаш право и дозвола да го носиш на трибина како наша Легенда…
Перо-Старо…Па зарем има некоја личност која зрачи со толку позитивна енергија како тебе? Вистински Комита од Југот, со добрина и милост на вистински родител кој го гледа своето чедо…Израснавме на Западот гледајќи го Перо Старо на Југот како се одзива на повикот Јави се Јужна…Зарем постои навивач кој бил покрај својот клуб повеќе отколку ти со Вардар, зарем овој свет видел некого да го вее знамето црвено и црно повеќе од нашиот Перо…Ти си синоним на Лојалноста, ти си нашата позитивна приказна, икона на сите Вардарци…Колку само фалиш на Југот…
Дуги…Мики легендо, издржа за да низ шепотот ти се спомене дека Вардар го победи Фенер со 2:0, издржа за да ја чуеш песната која твоите Комити ти ја испеаа под прозор, издржа за да се случи момент кој ќе се прераскажува, целото твое маало да биде осветлено со факели, знамиња да се веат, целиот сообраќај да биде блокиран затоа што си Легенда, затоа што ти ги заслужуваш сите почести…Ти си единствен од нас кој подлегна на повредите на една заедничка битка, ти си нашиот генерал, нашиот симбол за отпор, нашата звезда која ќе сјае и за која ќе се прераскажува на Западот многу долго…
Томо…Каков лик, неможе никого да го остави рамнодушен твоето присуство…Ти си вистинска Рок звезда, урбан херој и вистинска стара школа…Посветен на Вардар, посветен на Комити, самиот си шиеше знамиња, си ги носеше на трибина…Нашиот Командо, вистински другар, вистински Комита во секоја смисла на зборот…Од тебе започна една традиција која сега на нејзината 10 годишнина постхумно добиваш место во оние кои ќе живеат вечно, нашите најмаркантни ликови нашите легенди…
Небо, Тантор, Панде, Мац, Шефот, Карпа, Ралевски, Мики-Тачка, Тоде, Земзен, Никола-Германец, Иван-Острово, Јоцо-Комесар, Кочо, Пандо, Пајо, Бране, Љупче, Љубиша, Кире, Цуци…Не напуштивте прерано, пред да го кажете вистинскиот збор, точно кога требаше сите да го видат она што ние најверните го знаеме…Не можеме да ве оставиме, не можеме да ве заборавиме, и вие не помалку од горе споменатите сте наши легенди недосискажани заминавте од нас, од вашата трибина и другари…Но ќе се прераскажува и за вас, секој оној кој е дел од нашата трибина е посебен, секој има вонсериски квалитети кои оставија белег и по кој ќе ве паметиме…Ви благодариме што бевте дел од нас, а ние ќе се погрижиме да останете дел од нас засекогаш, вашето име ќе се споменува, ќе бидете идоли на генерациите кои доаѓаат, а ние кои имавме привилегија лично да ве познаваме секогаш ќе ве паметиме и ќе ја раскажуваме приказната на Западот, вашата легенда…