Како што неколку пати известивме, Вардар повторно го донесува најдоброто од ЕХ ЈУ просторите на силен кугларски турнир. Учесници од пет поранешни републики ќе ги одмерат силите во Скопје. Турнирот, трет по ред ќе се игра на 7.септември во кугларницата „ВИП“.
Организаторот, нашиот Вардар од Интернационален турнир “8-ми септември“ кој се организира по повод денот на независноста на Република Македонија успеа да обезбеди видео пренос. Целиот тек на овој настан ќе иде низ видео стрим, па така пошироката публика ќе може да ужива во многу кугларски мајстории.