Како што вчера ве известивме, Владимир Егоров, борачот на БК Вардар кој по одлука на нашиот клуб е позајмен во најсилниот шампинат во Европа, германската Бундес лига повторно еве третта година по ред обезбеди финале и борба за “злато“ со својата екипа во оваа лига. Младиот и преспективен борач на црвено-црните кој често е оспоруван од нашата федерација и неколку пати опструиран за настап на големи натпреварувања покажа во Германија дека е “човек за злато“.
Во полуфиналето од Бундес лигата тој беше поразен од силен противник, стануваше збор за турскиот репрезентативец, европски и светски шампион Атли Сулемај. Таа борба видете ја во продолжение.