Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Утре во Кале и Илинден прв натпреварувачки ден од зимски турнир „Еден живот, една љубов“ (распоред)
Утре во Кале и Илинден прв натпреварувачки ден од зимски турнир „Еден живот, една љубов“ (распоред)

Утре во Кале и Илинден прв натпреварувачки ден од зимски турнир „Еден живот, една љубов“ (распоред)

Зимскиот турнир на Вардар „Еден живот, една љубов” месецов се одржува по четврти пат од формирањето на Ракометната академија Вардар. После три одлични турнира, се враќаме со ново издание и нови таленти, кои годинава ќе се натпреваруваат во старосните категории 2002/03, 2004/05, 2006/07 и деца родени 2008 и помали.

Утре истиот го има својот прв натпреварувачки ден. Според распоредот натпреварите за момчињата и девојките од 2004/05 годиште ќе се одржат на 16 (утре) и 17  јануари (среда), и тоа годинава за првпат играме во сала во населба Илинден во Скопје. Односно, во СЦ Кале ќе ги видиме машките екипи, а девојките ќе се натпреваруваат во салата на СЦ „Гоце Делчев” во Илинден.

* Билтен со распоред за натпреварите во категоријата 2004/2005 машки: turnir_2018_2004_05_mashki.docx

* Билтен со распоред за натпреварите во категоријата 2004/2005 женски: turnir_2018_2004_05_zheni.docx