На 16 јануари во кугларницата при Спортскиот Центар “Борис Трајковски“ ќе се одржи вториот и воедно финален круг од -Државното поединечно првенство во куглање на Македонија. На истото ќе земаат учество и два куглари од црвено-црниот кугларски колектив. Од КК Вардар на првенството ќе земат учество Младен Донковски и Бојан Влаќевски.
Младен во овој финален круг од првенството влегува како осмопласиран, а Бојан влегува како шесто пласиран куглар на листата за државното првенство. Мало разорување е последниот настап на Влаќевски кој немаше ден и потфрли бидејќи од него како еден од најдобрите активни куглари во Македонија се очекуваше атак на тронот. Шансите вардарец да се закити со признанието “број 1 во Македонија’’ за жал се мали но нашите момци ќе атакуваат на пласман во топ-3 на државното првенство. По ова првенство следен предизвик за нашите момци е во Македонската кугларска лига каде со Вардар се сретнуваат со тимот на Кк ГТЦ во меч кој е во рамките од 4 коло во лигата, а во истиот влегуваме како лидери со три победи по трите одиграни меча на почеток од сезоната.