Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Азербеџанската судиска двојка Агхакши ќе го суди двомечот на Вардар Јуниор и Војводина
Азербеџанската судиска двојка Агхакши ќе го суди двомечот на  Вардар Јуниор и Војводина

Азербеџанската судиска двојка Агхакши ќе го суди двомечот на Вардар Јуниор и Војводина

За двомечот на нашиот млад вардаров состав Жрк Вардар јуниор и екипата на српската Жрк Минаква Војводина во Челинџ купот европската куќа на ракометот ги делегираше Емил Агхакши и Ернест Агхакши од Азербеџан. Оваа судиска двојка ќе ги суди двата меча на 16 и 17 јануари кои ќе се одиграат во С.Ц Јане Сандански. За ЕХФ делегат делегиран е црнагорецот Радош Ракочевиќ, кој исто така е делегиран за двата меча.

Дуелот на Вардар Јуниор и Минаква Војводина е дуел во рамки на 1/8 финалето од Челинџ купот, а  причината играњето на двата меча во Скопје  е желбата на обете екипи  за да заштедат време и финансиски средства. Како што е предвидено во ЕХФ календарот, овие два дуела ќе се играат на 16 и  17 јануари (сабота и недела). На првиот дуел домаќин ќе биде ЖРК Вардар јуниор, истиот е закажан со почеток во 14:00 часот, а  вториот меч за “формален домаќин“ го има тимот на  Минаква Војводина  е закажан  со почеток во  15:00 часот.