Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Марко Кизиќ: Оваа награда за мене ќе значи дополнителна мотивација за уште повеќе да работам и да одам нанапред
Марко Кизиќ: Оваа награда за мене ќе значи дополнителна мотивација за уште повеќе да работам и да одам нанапред

Марко Кизиќ: Оваа награда за мене ќе значи дополнителна мотивација за уште повеќе да работам и да одам нанапред

Кадетите на Рк Вардар го освоија турнирот “Вардар, еден живот, една љубов“ во генерација родени 2000/2001 година. Избраниците на Чивлачки во финалниот натпревар беа подобри од екипата на Рк Илинден, со резултат 18:14. Претходно во полуфиналето ја совладавме екипата на Урдаревски Вардар (21:7). Во групата исто така бевме сигурни во своите настапи, со три победи против Опш. Кисела Вода Вардар (19:1), Академија 1 (23:13) и Војнсион Вардар ( 17:6).

-Мојот впечаток за овој турнир е одличен, имаше многу екипи од различни градови со кој можевме да се натпреваруваме и исто така беше одлична шанса за докажување.Во овој турнир сите се надевавме дека ке го освоиме првото место, но никој не можеше да биде сигурен во тоа. Што се однесува до играта и резултатите на мојот тим како и моите лични резултати сум задоволен но секогаш може подобро.

vardarfans kizik najdobar golman

Наградата за најдобар голман му припадна на Марко Кизиќ од редовите на Вардар, кој беше еден од најзаслужните за првото место на својот тим.

За наградата која ја добив премногу се надевав и очекував, но кога ме прогласија за најдобар голман бев пресреќен. Оваа награда за мене ќе значи дополнителна мотивација за уште повеќе да работам и да одам нанапред, изјави Марко Кизиќ за Вардар Фанс.

Звонко Ивановски