Кадетите на Рк Вардар го освоија турнирот “Вардар, еден живот, една љубов“ во генерација родени 2000/2001 година. Избраниците на Чивлачки во финалниот натпревар беа подобри од екипата на Рк Илинден, со резултат 18:14. Претходно во полуфиналето ја совладавме екипата на Урдаревски Вардар (21:7). Во групата исто така бевме сигурни во своите настапи, со три победи против Опш. Кисела Вода Вардар (19:1), Академија 1 (23:13) и Војнсион Вардар ( 17:6).
-Моите впечатоци од турнирот се задоволителни. Овој турнир го гледам како надеж на играчите од другите градови на Македонија да ги покажат своите таленти. Мислам дека сосема очекувано го добивме овој турнир, бидејќи уште од првиот натпревар па се до финалето доминираше нашата игра и колективност.
Ален Ќосевски од редовите на Вардар, ја доби наградата за најдобро десно крило на завршниот турнир. Ова е негова прва сезона во црвено-црниот дрес, откако беше избран меѓу најдобрите играчи на селекциите кои ги спроведе ракометната академија на Вардар. Наградата му ја додели Девид Девис Камара.
-Ова признание како најдобро десно крило многу ми значи и ми е показател за уште понапорна работа и освојување на други индивидуални награди, изјави Ален Ќосевски за нашиот сајт.
Звонко Ивановски