Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > БОРЕЊЕ!Во Баку пристигнаа денес вардарецот Забаиров со тренерот Гајдаров во обид да донесат медал за Македонија
БОРЕЊЕ!Во Баку пристигнаа денес  вардарецот Забаиров со тренерот Гајдаров во обид да донесат медал за Македонија

БОРЕЊЕ!Во Баку пристигнаа денес вардарецот Забаиров со тренерот Гајдаров во обид да донесат медал за Македонија

Денес во  Баку каде што се одржува најголемиот спортски настан во Европа – Првите европски спортски игри на Македонската делегација се придружија и борачот на црвено-црните Забаиров Халид бронзениот од европското првенство во Полска У-23  и тренерот Гајдар Гајдаров.

По програма денеска е тренинг во Баку со спаринг партнерот Заур Ефендиев (Србија) и контрола на тежината . За утре е закажано официјалното мерење на борачите и ждребувањето за борбите . Зубаиров ќе настапи задутре на 18 Јуни . Тренерите заеднички ќе ги подготвуваат Вардарците и ќе се потрудат да ги израдуваат љубителите со МЕДАЛИ . Пешко со Заур Ефендиев за Србија , а Гајдаров со Зубаиров за Македонија . Претходно за нашата репрезенација во грчко-римски стил во категоријата до 85 килограми имаше настап и Тимур Хамикоев исто така член на БК Вардар