Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Помладите пионери станаа вицешампиони и го освоија купот на Македонија
Помладите пионери станаа вицешампиони и го освоија купот на Македонија

Помладите пионери станаа вицешампиони и го освоија купот на Македонија

Помладите пионери се втора најуспешна Вардарова генерација, веднаш после кадетите. Иако одиграа одлична сезона, сепак на крајот само за еден бод не успеаа да ја освојат Шампионската титула. Можеби лошиот старт на почетокот на сезоната, каде забележаа два порази во првите два меча, и оној прв пораз во првиот пролетен натпревар, беа пресудни за конечното второ место на табелата. Оваа генерација забележа вкупно 16 победи, 3 порази и 3 нерешени натпревари во првенството. Имаа постигнато 74 голови, а примено 16.

Сепак нашите млади момчиња станаа освојувачи на купот на Македонија, откако во финалето после изведување на удри од белата точка беа подобри од екипата на Шкендија. Резултатот на пенали беше 9:8 за Вардарци. Претходно во купот остваривме четири победи и ниеден неуспех. Во ова натпреварување постигнавме 12 голови,а примивме само еден гол во нашата мрежа и тоа оној во полуфиналето против Македонија Ѓ.П ,кога беше 4:1 за црвено-црните.

На крајот од сезоната одиграа уште еден пријателски натпревар , против екипата на Форца и го добија со резултат 3:0. Собирот за новата сезона започнува на 15 јули.