Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > КУГЛАЊЕ! Повторно и ова коло дуото Влаќевски-Димитровски со “еден-два“ позиција на врвот од топ-6 на колото
КУГЛАЊЕ! Повторно и ова коло дуото Влаќевски-Димитровски со “еден-два“ позиција на врвот од топ-6 на колото

КУГЛАЊЕ! Повторно и ова коло дуото Влаќевски-Димитровски со “еден-два“ позиција на врвот од топ-6 на колото

Изминатиот викенд се играше петтото коло во Македонската кугларска лига, во истото  повторно бевме  гости во кугларницата Мусандра на  КК Империал Тобако ТКС овој меч го добивме со 0-8. Вардарци  соборија 3366 “дрва“ односно дури 436 повеќе од противникот тимот на КК Империал Тобако ТКС  кој собори само 2930.

Веќе повеќе од јасно е дека кај нас ударен двоец беше дуото Влаќевски-Димитровски. Во тој дуел кај нас брилијантен беше Бојан Влаќевски со неверојатни 641 соборени дрва. Со истиот скор повеќе од јасно беше дека викендов ќе биде на врвот на топ-6 листата во МКЛ.  На мечот зад него беше вториот од ударното дуо Димитар Димитровски со 602, тој стандардно е секое коло над 600-тини. Со ова Димитар на лигашката топ листа го овои 2.место. Зад нас нив на 3.позиција беше Ајдан од тимот на КК ГТЦ Мусандра со 581 “соборено дрво“.