Финишираше есенскиот дел од фудбалската “Јуниор“ лига. Изминатиов викенд на теренот на академијата се одиграа неколку интересни натпревари кај четири различни возрасни генерации. Вардаровите екипи родени “2004“ и “2005“ година силите ги одмерија со најдобрите состави од регионалните школи кои се дел од овој проект на фудбалскиот клуб Вардар.
Избраниците на Ане Андовски забележаа убедлива победа со резултат 13:1. Ние како медиум бевме присутни на овие интересни натпревари и ви носиме фотогалерија од мечот на оваа генерација.
Убедлив во својот настап беше и генерацијата на Вардар, родени “2005“ година. Тие на крајот забележаа победа од 8:0 против најдобрите од останатите регионални школи од оваа генерација.
Ви прикажуваме и фотогалерија од овој натпревар, каде нашите млади надежи забележаа убедлив триумф