Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > ЖКК Вардар утре гостува кај Бадел, победа ќе значи водство од 2-0 и три прилики за круна
ЖКК Вардар утре гостува кај Бадел, победа ќе значи водство од 2-0 и три прилики за круна

ЖКК Вардар утре гостува кај Бадел, победа ќе значи водство од 2-0 и три прилики за круна

Во финалната серија ЖКК Вардар е на чекор пред актуелниот шампион тимот на Бадел 1862. Црвено-црните избранички на Жаклина Стојановска успеаа да поведат со 1-0 во серијата “прв до три“. На првиот дуел одиган во Кале нашите девојки триумфираа со 31.поен разлика,  односно со резултат 75-44.

Вториот дуел кој е доста важен за двата тима,  кој ќе покаже дали ќе тргнеме од “нула“ или ќе имаме три прилики за крунисување ќе го одиграме како гости. Натпреварот се игра, утре, недела 26.мај. Истиот е закажан со почеток во 20-00 часот.  Оваа средба ќе се игра во салата “Независна Македонија“ во скопската населба Кисела Вода.