Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > (РАСПОРЕД) Четири генерации на ФК Вардар утре ги играат 1/4 финалните и можните 1/2 финални дуели
(РАСПОРЕД) Четири генерации на ФК Вардар утре ги играат 1/4 финалните и можните 1/2 финални дуели

(РАСПОРЕД) Четири генерации на ФК Вардар утре ги играат 1/4 финалните и можните 1/2 финални дуели

Четири генерации од вкупно пет на фудбалскиот клуб Вардар успеаа да се пласираат во 1/4 финалето на завршниот турнир во детската лига и на тој начин да ја продолжат борбата за трофејот во ова натпреварување. Утре на програмата е претпоследниот натпреварувачки ден, на кој ќе се одиграат 1/4 и 1/2 финалните мечеви.

Ова е распоредот и саатниците на одигрување натпревари за нашите млади надежи во 1/4 финалето:

Вардар генер. 2006 – Кул  10:40 ( во можно полуфинале играме со победникот од мечот меѓу, А.Пандев и Охрид Топ Тим)

Вардар генер. 2007 – Албарса  12:00 ( во можно полуфинале играме со победникот од мечот меѓу, Драчево и Талент 2010)

Вардар генер. 2008 – Пелистер 13:00 ( во можно полуфинале играме со победникот од мечот меѓу, Кул и Јанг Тим)

Вардар генер. 2010 – Јанг Тим 10:20 ( во можно полуфинале играме со победникот од мечот меѓу, Карев и А.Пандев)