Wednesday ,08 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Вардаровата генер. 2009 ги заврши настапите во детската лига, за оваа натпреварувачка сезона
Вардаровата генер. 2009 ги заврши настапите во детската лига, за оваа натпреварувачка сезона

Вардаровата генер. 2009 ги заврши настапите во детската лига, за оваа натпреварувачка сезона

Вардаровата генерација 2009 е елиминирана од настапите во детската лига, откако денес и двете екипи на Илија Колевски претрпеа порази во дуелите со своите противници, во рамките на осминафиналната рунда.

3

Вардар (1) во интересен дуел за еден гол разлика беа поразени од екипата на Постолов (2:3), додека на полувреме противникот имаше водство од 0:2. Прва прилика имаше црвено-црниот тим кој се закани преку Коста Бошковски. Противникот се закани, на нашиот гол две сигурни одбрани имаше Марко Баснарков. Јаков Стојковски и Васе Папаливски имаа големи прилики за нас, ние напаѓавме сепак не успеавме да погодиме. Серија прилики пропуштивме, па противникот не казни со гол, за негатива од 0-1.

2

Ние не се предадовме нападнавме и преку Коста Бошковски во една прилика и два пати преку Јаков Стојковски се обидувавме. Во фудбалот кога нема да успееш да погодиш следува казна, противникот погоди за 0-2. Со тој резултат заминавме на пауза.

4

Вториот дел го започнавме како што го игравме и првиот период, ние постојано напаѓавме, противникот беше во дефанзива и се закануваше само од контра-напади. Од слободни удари двапати се обиде Коста Бошковски сепак не успеа да намали. Дарин Михајловски исто така имаше шанса за црвено-црната генерација родени 2009. Конечно успеавме преку Бошковски да го “скршиме малерот“, тој погоди за преполовување на негативата, стрелајќи за 1-2.

1

Противникот успеаа брзо да врати и се врати на два позитива, погодувајќи за 1-3. Ние тргнавме да се вратиме во игра, прилики за нас имаа Дарин Михајловски и Бошковски. Пред крајот на дуелот единствено успеавме да намалиме на 2-3, сигурен изведувач на пеналот за нас беше Павел Котески-Митровски.

Вардар (2) беше поразен од екипата на Шкендија, која и пред стартот на дуелот важеше за фаворит на овој осминафинален дуел. Уште потешка околност за овој дуел е тоа што не можевме да сметаме на услугите на голманот, Лука Грчевски, па поразот воопшто не изненадува. Сите дилеми за победникот беа решени уште во првото полувреме, кога екипата од Тетово имаше предност од 0:5, додека во вториот дел постигна уште два гола во нашата мрежа, за конечни 0:7 на овој дуел.

На тој начин, во завршните два дена на детската лига, оваа генерација Вардар нема да има свој претставник.