Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > КК Вардар денес гостува во Гостивар
КК Вардар денес гостува во Гостивар

КК Вардар денес гостува во Гостивар

Денес, вторник во Првата македонска кошаркарска лига се игра 19.коло. До крајот на регуларниот дел во лигата остануваат уште три натпревари за доигрување. Кошаркарскиот клуб Вардар денес гостува во Гостивар кај истоимениот машки кошаркарски колектив.

Домаќинот е фаворит на оваа средба иако во “Кале“ тие успеаа да триумфираат во последните секунди од дуелот, на таа средба свое шоу имаше американецот во нашите редови, Провел кој уфрли дури 41.поен.  Веќе влегуваме во фаза на забрзано одигрување на дуелите во лигата, овој викенд не очекува нов меч во кој ќе се сретнеме со еден од ривалите од дното на табелата, АБ Охрид на домашен терен во салата “Кале“.