Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > Uncategorized > ЖКК Вардар како лидер на табелата ќе ја пречека екипата на Баскет Кам
ЖКК Вардар како лидер на табелата ќе ја пречека екипата на Баскет Кам

ЖКК Вардар како лидер на табелата ќе ја пречека екипата на Баскет Кам

Изминатиот викенд  девојките на ЖКК Вардар го искористија фактот што првакот Бадел 1862 беше слободен   и избија на врвот на првенствената табела. Девојките на Жаклина Стојановска во дуел од 17.коло  на кој бевме “гости“ во Кале дојдоа до победа во Гостивар со 32-105.

Сега на табелата сме првопласирани со 31.бод, еден повеќе од Бадел кој има дуел помалку одигран досега во Првата женска кошарарска лига.  Ние во следниот дуел во рамки на 17.коло ќе го пречекаме тимот на Баскет Кам. Како и во повеќето средби така и во оваа сме фаворити, на првото соочување со истиот противник одиграно во Македонска Каменица ние дојдовме до лесен и убедлив триумф. Црвено-црните дами победија со високи 49-93.