Викендов на програмата е последното, петнаесетто коло во Македонската кугларска лига. Во рамки на истото кугларскиот клуб Вардар гостува в Битола. Наш домаќин е тимот на КК Хераклеа, тие ќе не пречекаат во кугланата при спортската сала “Младост“ во Битола.
Овој дуел од последното коло во МКЛ ќе се игра со почеток во 11-00 часот. Вардар му останува во истото да ја потврди втората позиција зад шампионот КК Макпетрол. Во првите две средби помеѓу овие два противника двата тима поделија по една победа. Вардар победи во скопскиот дуел, а битолчани во натпреварот во кој беа домаќини в Битола.