Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Колев и Трајковски адути на Охрид, Вардар оди по првите бодови во плеј-офот на Супер-лигата
Колев и Трајковски адути на Охрид, Вардар оди по првите бодови во плеј-офот на Супер-лигата

Колев и Трајковски адути на Охрид, Вардар оди по првите бодови во плеј-офот на Супер-лигата

Вечерва со почеток од 19:00 часот во спортската сала “Билјанини извори“ екипата на Вардар ќе ја започне одбраната на титулата во супер – лигата. Избраниците на Гонзалез во рамките на првото коло од плеј-офот за противник ќе ја имаат домашната екипа на Охрид.

Екипата на Охрид заврши како третопласирана во регуларниот дел од сезоната во супер лигата, со учинок од 10 победи, 1 нерешен резултат и 5 порази. На почетокот на сезоната екипата ја засилија Иван Тасески, Милан Клаиќ и  босанскиот интернационалец Дервиш Бирдахиќ, кој повеќе не е дел од клубот, односно босанецот и Охрид спогодбено го раскинаа договорот пред околу три месеци. На стартот на пролетниот дел уште четири нови имиња во тимот на Охрид, кој е предводен од Горан Андоновски. Тоа се голманот Кирил Колев, Константин Вешоски, Пеце Георгиевски и Јане Јанчев. Сигурно дека најголеми адути на денешниот противник се голманите и поранешни репрезентативци на Македонија, Благојче Трајкоски и Кирил Колев. Оваа сезона, екипата на Охрид успеа да стигне до второто квалификациско коло во ЕХФ купот, каде беше елиминирана од екипата на Порто, додека во првото коло беа поуспешни од екипата на Волендам.

Вардар ќе одигра натпревар после пауза од десет дена, откако последниот нивни меч беше оној во рамките на последното коло од регуларниот дел на СЕХА-лигата. Овој одмор добро им дојде на вардарци, кои до крајот на сезоната ги очекува тежок период, во кој бранат дури четири трофеи освоени од минатата сезона, а еден од нив е токму тој во првенството. Избраниците на Гонзалез се големи фаворити во пресрет на овој дуел, секако противникот не смее да се потцени, а Вардар треба да ја одбработи својата задача и да стигне до првите бодови во супер лигата. Цената на билетите за овој натпревар се само 50 денари, па очекуваме полна сала во Охрид, која ќе уживо во живо да го гледа Европскиот шампион.