Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Гонзалез најдобар тренер, Милиќ најдобар голман за месец март во СЕХА-лигата
Гонзалез најдобар тренер, Милиќ најдобар голман за месец март во СЕХА-лигата

Гонзалез најдобар тренер, Милиќ најдобар голман за месец март во СЕХА-лигата

Во последниот месец од СЕХА-лигата, кога се играа натпревари од регуларниот дел, СЕХА регионалната лига го избра најдобриот тим за месец март. Во него се најде голманот на Вардар, Страхиња Милиќ и тренерот, Раул Гонзалез. Милиќ беше многу почесто на голот на Вардар во ова натпреварување и имаше блескави партии на голот на црвено-црните оваа сезона во СЕХА-лигата, посебно во месец март. Раул Гонзалез очекувано е најдобриот тренер кој со Вардар постави рекорд во СЕХА-лигата, со 17 победи и само еден нерешен резултат, во регуларниот дел на сезоната.

Во идеалниот тим за месец март се најдоа следниве:

Страхиња Милиќ ( голман)

Нико Медвед ( лево крило)

Гал Маргуч ( десно крило)

Веселин Јелиќ ( пикер)

Борут Машковчек ( лев бек)

Филип Кузмановски ( среден бек)

Златко Хорват ( десен бек)

Раул Гонзалез ( тренер)