Вардар во дуел од 14.коло ја пречека екипата на КК Куманово. Во еден динамичен меч поискусниот тим дојде до победа во самиот финиш, црвено-црните испуштија предност од осум поена која ја имаа на полувремето.
Првиот период беше израмнет, нашите момци се бореа за секоја топка со ривалот, па успеаа со минимални 22-21 да го добијат првиот период. Одличната игра беше крунисана во следнот, на пауза заминавме со предност. На полувреме водевме 8.поена, за време на паузата на семафорот во “Кале“ стоеше 48-40 за момците на Радуловиќ. Победникот беше решен во последната четвртина во која влеговме со резултатска симетрија 68-68. Поискусниот и повозрасне ривал дојде до победа со резултат 85-89.
Провел имаше 20 поена, 19 впиша Нивес, третти стрелец во нашите редови беше Робев со 16.поени, на кој додаде 8.скока и 6.асистенции.
фото:ekipa.mk