Изминатиот викенд на програмата беше 9.коло во Македонската кугларска лига. Во оваа втора рунда во 2020 година, во дербито требаше да се сретнат двата претенденти за „сребрената“ позиција Вардар и ГТЦ.
Сепак овој дуел беше одложен поради веќе позната причина, односно поради фактотот што почина тренерот на црвено-црните, кугларската легенда Димитровски Драги. Овој дуел доби нов термин за одигрување, истиот се игра четврток (6.фебруари). Натпреварот ќе се игра попладне со почеток во 18-00 часот во кугларницата „Мусандра“ во Градскиот трговски центар.