Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > КК Вардар М18 го доби дербито со МЗТ, победи и за момците и девојките во М16 лигите
КК Вардар М18 го доби дербито со МЗТ, победи и за момците и девојките во М16 лигите

КК Вардар М18 го доби дербито со МЗТ, победи и за момците и девојките во М16 лигите

Вчера три млади екипи на кошаркарскиот тим Вардар одиграа мечеви, на сите дуели дојдовме до победа. Во дербито кај момците во лигата до 18.години, црвено-црните се сретнаа со тимот на КК МЗТ Скопје. Вардар успеа да одигра на ниво, доминираше во средбата со младите „штркови“ победувајќи со 26.поена предност. Триумфот дојде со резултат 88-62.

010101-2

Во другите два меча остваривме уште две победи. КК Вардар М16 во средбата со ФМП Академија одигра еден динамичен и израмнет дуел. Црвено-црните момци дојдоа до минимална, но значајна победа со еден поен. Ние триумфиравме со 75-74.
Нивните врснички од женската екипа на Вардар М16 го пречекаа тимот на ЖКК Про Баскет Академија. На средба која имаше сосема различен тек тие доминираа, лесно и високо триумфираа со дури 55 поени предност (79-24).