Генерациите на фудбалскиот клуб Вардар родени 2006 и 2007 година во текот на вчерашниот ден на теренот на Академијата одиграа контролни натпревари со екипата на Пелистер. Нашите млади надежи издвојуваа победи и во двете генерации.
Генерацијата 2006 на Вардар убедливо ги совлада врсниците од Битола, со конечен резултат од 7:1. Црвено-црните први успеаа да го отворат резултатот, додека Пелистер успеа да израмни на 1:1. Сепак квалитетот беше очигледен на страната на вардарци, кои до крајот на дуелот успеаа да постигнат нови шест голови. Алтин Алији и Нуман Ајетовиќ постигнаа по два гола, Марко Николовски, Михаил Танчев и Максим Цониќ погодија по еднаш.
Тренерот Спасески стартуваше со следните 11-сетмина: Данстак, Порчу, Николов, Јанкоски, Спасовски, Миовски, Нурединовски, Величковски, Николовски, Ајетовиќ, Алији.
До триумф стигна и генерацијата 2007 кои играа на цел терен, односно 10+1 играчи на теренот. Избраниците на Чунга Лунга одиграа одличен натпревар и триумфираа со резултат 4:1. Стефан Младеновски беше стрелец на два гола, додека во листата на стрелци се запишаа уште и Александар Грашески и Борјан Томовски.
Вардар: Јаневски, Крстевски, Шаботиќ, Фидановски, Смиљков, Радевски, Блажевски, Грашески, Киш, Младеновски, Томовски.