Машкиот сениорски тим на кошаркарскиот клуб Вардар е во зенитот на подготовките за новата сезона во која повторно е дел од македонската кошаркарска елита. Веќе се одиграни неколку пријателски средби, меѓу нив и со неколку кратниот шампион и лански освојувач на Купот на РМ, МЗТ Скопје. Денес нашите момци ќе го тестираат шампионот, КК Работнички.
Црвено-црните денес попладне од 18 часот и 30 минути ќе се сретнат во пријателски дуел со екипата предводена од Марин Докузовски. Натпреварот ќе се одигра во салата на црвено-белите во Градски парк. До почетокот на првенството остануваат две недели, вардарци повторно се дел од елитата по сезоната 2016/17 кога последен пат беа прволигаши.