Sunday ,21 October 2018
Последни:
Home > ЖРК Вардар > ЖРК Вардар против Металург, во дербито на 3.коло од Супер лигата
ЖРК Вардар против Металург, во дербито на 3.коло од Супер лигата

ЖРК Вардар против Металург, во дербито на 3.коло од Супер лигата

Во сабота С.Ц. Јане Сандански ќе биде центар на уште еден ракометен натпревар. Во рамките на женската Супер лига, ќе се одигра дербито од 3.коло помеѓу екипите на Вардар и Металург. Мечот е закажан за во сабота, во малата сала, со почеток од 13:00 часот.

Металург е лидер на табелата, единственаа екипа која има максимални шест освоени бодови по првите две одиграни кола. Вардарки имаат учинок од една победа и нерешен резултат и се надеваат на втор триумф оваа сезона. Во тимот од Автокоманда настапуваат поранешните вардарки, Леонида Гичевска и Клаудија Ѓеоргиевска од каде треба да доаѓа и најголемата опасност по нашиот гол, тука се уште и младите Ивана Стојмановска и Стефани Софтовска, кои исто така биле дел од младинските екипи на Вардар.

Очекуваме прва победа на вардарки пред својата публика, на отварањето на сезоната испуштивме триумф во последните секунди, се надеваме дека во сабота ќе го добиеме дербито со градскиот ривал од Автокоманда.