Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар никогаш нема загубено натпревар од Кристијанштад
Вардар никогаш нема загубено натпревар од Кристијанштад

Вардар никогаш нема загубено натпревар од Кристијанштад

Во сабота тимот на Вардар го очекува вториот дуел од новата сезона во Лигата на шампионите, во Скопје гостува веќе стариот познаник, тимот на Кристијанштад од Шведска.

Кога ќе помислиме на тимот на Кристијанштад одма не будат добри спомени, бидејќи Вардар ама баш никогаш нема загубено натпревар од овој тим од скандинавија. Досега овие две екипи на шест наврати ги одмериле ракометните сили и на сите шест дуели Вардар славел победи.

Серијата на мечеви на овие два тима започнува во 2015 година каде во Шведска слави нашиот тим со пет голови разилка, 25:30. Потоа следната година се одигруваат уште два натпревари. Вардар дома победува со два разлика, а пак нагости со пет. Последните три дуели се одигруваат во 2017 година. Вардар најпрвин дома слави со плус три, па потоа нагости и на крај дома, на 02.12.2017 со убедливи 31:15.

Очекуваме седум од седум токму во сабота.