Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > ЖКК Вардар утре во Кавадарци ќе атакуват на победа и пласман во финалното соочување за пехарот

ЖКК Вардар утре во Кавадарци ќе атакуват на победа и пласман во финалното соочување за пехарот

Девојките на женскиот црвено-црн кошаркарски колектив веќе утре може да обезбедат пласман во финалната серија од плеј-офот за титулата во земјава. Тие утре го играат вториот дуел од серијата “подобар од три“ против екипата на МНА Кожувчанка од Кавадареци.

Нашите девојки гостуваат  во салата “Јасмин“ во градот Кавадарци, дуелот е закажан со почеток во 20-00 часот.  Девојките на Бране Андриевски  веќе поведоа со 1-0 против тимот на МНА Кожувчанка во плеј-оф лигата, откако нашите девојки во еден одличен натпревар го победија тимот на МНА Кожувчанка со убедливи 84-66 на меч на кој бевме домаќини во малата сала при С.р.ц “Кале“-Скопје. ЖКК Вардар води со 1-0, односно му е потребна уште една победа за пласман во големото финале. Во другиот 1/2 финален дуел, Бадел 1862 лесно и убедливо со резултат 90-47 го победи тимот на Шкупи со што повеќе од очигледно е дека во финалната серија ќе се соочиме ние и актуелниот шампион на земјава.