Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Вардарки со финални подготовки за последниот турнир од регионалната ВРХЛ лига кој ќе се игра во Скопје

Вардарки со финални подготовки за последниот турнир од регионалната ВРХЛ лига кој ќе се игра во Скопје

Девојките на Дибирова мечот од четвртфиналето во Купот на Р.Македонија во кој се сретнаа со “сестринската“ екипа на Вардар СЦЈС им беше последен тест пред следниот предизвик во регионалното натпреварување. Нашиот вардаров колектив  е домаќин на последниот турнир од регионалната ВРХЛ женска ракометна лига кој ќе се игра идната недела.

Девојките вредно тренираат и се подготвуаат за првиот настап веќе во вторник.  Домаќин на истиот ќе биде екипата на Вардар и спортскиот центар Јане Сандански. На него покрај црвено-црните ќе настапат и екипите на Подравка, Будуќност и Крим. Претходните три турнири се одржаа во Подгорица, Копривница и Љубљана. Настапот на ова регионално натпреварување ќе и помогне на Дибирова да ги изврши последните подготовки пред Ф-4 турнирот во Будимпешта во ЕХФ Лигата на шампионките.  Во пресрет на тие натпревари ќе се одржи и   прес-конференција пред полуфиналниот натпревари меѓу Вардар и Подравка (Хрватска). Истата  ќе се одржи во понеделник, 24.04.2017 година во 12.00 часот во прес – конференциската сала во СЦ „Јане Сандански”.  Мечевите во Скопје се следните:

Полуфинале од Ф4 турнирот на ВРХЛ лигата ќе играат:
-Вардар – Подравка (25.04.2017) во 15,30 часот
-Будуќност – Крим (25.04.2017) во 18 часот
-Финалето и мечот за трето место се закажани за во среда, 26 април 2017.