Попладнево во просториите на ФФМ беа извлечени арбитрите за престојното коло кое е на програмата овој викенд, поточно утре и во недела. На натпреварот во Чаир, на кој се среќаваат Слога и Вардар, главен арбитар ќе биде Дејан Јакимовски од Скопје. Него ќе му помагаат Тошевски и Димитриевиќ, исто така од Скопје.
Овој натпревар ќе биде одигран во недела со почеток во 16 часот. Очекуваме серијата победа на Вардар да продолжи и на овој натпревар.