Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Кадетите започнаа со победа, додека пионерите минимално загубија од Маглај, на воведните мечеви на турнирот во БИХ

Кадетите започнаа со победа, додека пионерите минимално загубија од Маглај, на воведните мечеви на турнирот во БИХ

Кадетите на РК Вардар со победа го отворија турнирот “Ракометот во срцето“ кој се игра во Босна и Херцеговина. Тие за противник во првото коло од групната фаза ја имаа екипата на Маглај, која ја совладаа со резултат 26:21. Со истиов противник одиграа и пионерите во својата возрасна генерација, кои за жал го загубија воведниот меч.

Натпреварот на кадетите со гол го отвори Тони Атанаовски за водство од 1:0. Во следните минути се игра гол за гол на двете страни, но екипата на Маглај е таа шо одржуваше предност се до седмата минута од мечот кога резултатот на семафорот беше 5:6. Од тие моменти следи серија на Вардарци од четири последователни голови, за во 9 минута од дуелот да имаме предност од 9:6. Противникот врати со два гола, но црвено-црните прават нова серија од 3:0 и во 15 минута имаа водство од 12:8, со голот на Ален Ќосевски Во следните три минути двете екипи постигнуваат по два гола, за во финишот со два последователни голови, Вардар на одмор да замине со највисоки шест позитива (16:10), а првиот дел со погодок го затвори нашето крило Христи Бикоски.

Првиот гол во второто полувреме му припадна на Маглај кој го намали резултатот на 16:11. Сите дилеми околу победникот ги решивме во 24 минута од мечот, кога со серија од 4:0 зголемивме на убедливи 20:11. Вардар го имаше расположениот Васе Наков, кој ја полнеше противничката мрежа, два од овие четири голови во овие моменти беа токму негово дело. Во 26 минута со погодокот на Благоја Антевски имавме и двоцифрена предност од 22:12. Нашите кадети имаа и предност од 25:16, но дозволија да примат пет последователни голови, за Маглај со достоен пораз да го заврши мечот. Последниот гол на мечот, воедно и прв беше за Кристијан Стојановски, кој го затвара конечениот резултат од 26:21.

Најефикасен во нашите редови беше бекот Васе Наков со 7 и крилото Ален Ќосевски со 6 голови.

РК Вардар: Блажевски, Игнов 1, Динев, Антевски 3, Миланов, Атанасовски 1, Манев 1, Бикоски 3, Кизиќ, Олтовски 1, Нанов, Стојановски 1, Мисаилески 2, Мајсторовски, Наков 7, Ќосевски 6.

Во моментов го играме и мечот од второто коло против екипата на Јерузалем.

Пионерите на РК Вардар предводени од Андријана Будимир се дел од С-Групата, тие го отворија турнирот против домашната екипа на Маглај. За жал и покрај одличниот натпревар беа поразени буквално со звукот на сирената. Први поведоа домаќините со погодок во 2 минута, ние одговоривме преку Марио Мишевски со гол за 1-1 во следната минута.  Потоа се играше гол за гол, резултатот беше трипати изедначуван, најпрвин на 2-2, па на 3-3 и на крајот 4-4 во 9 минута. Првпат во првиот дел поведовме со 6-5 во 11 минута со голот на Чакалиќ Бојан. Во продолжение повторно рововаска битка на двата состава. До крајот на првите 15 минути двата тима поведуваа и изедначуваа постојано на одмор се замина со реми исход 9-9.

Вториот дел почна со гол на Чакалиќ Бојан кој погоди за наша предност од 10-9 во 17 минута. Домаќинот во продолжение имаше период во кој доминираше со мини серија 1-3 поведе со 11-12 во 21 минута од натпреварот. Сепак ние несакавме да дозволиме да се одлепат повторно погоди Чакалиќ и еден гол постигна Давид Савревски со што ние ја преземавме предноста и поведовме со 13-12.  Домаќинот успеаа да се врати и поведе во самиот финиш со 15-16 со што беше поблиску до триумф. На минута до крајот погодуваме и изедначуваме на 16-16 преку Леонид Чорогунов. Сепак последниот напад го имаа домашните тие погодија во последната секунда и триумфираа со 16-17. За жал и покрај големата борба бевме поразени во овој дуел. Кај нас најистакнати стрелци беа : Чакалиќ Бојан со 10 погодоци и Дамјан Димитриевски со 2.