Wednesday ,01 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Втора победа за кадетите на РК Вардар, радост и за пионерите кои го совладаа Метковиќ

Втора победа за кадетите на РК Вардар, радост и за пионерите кои го совладаа Метковиќ

Втора победа за кадетите на РК Вардар на турнирот во Босна и Херцеговина. После воведниот триумф против Маглај, избраниците на Чивлачки и Грчевски со нова победа, овој пат во дуелот со екипата на Јерузалем. Прв триумф  на турнирот и за пионерите, кои беа подобри од екипата на Метковиќ.

Натпреварот на кадетите со гол го отвори противникот, а во следниот напад Васе Наков донесе израмнување на резутатот. До петтата минута се играше гол за гол, а последното израмнување беше при резултат 5:5. Слично како и на првата средба, нашите кадети му дозволија рамноправност на противникот само во почетните минути, за да следи серија од 6:0 и во 14 минута од мечот да имаме предност од 11:5. Ова водство го одржувавме до крајот на првите 20 минути, кога на одмор се замина со наше водство од 13:8.

Второто полувреме започна со гол на Атанасовски, за зголемување на 14:8. Следеше период кога нашиот тим пет минути не успеа да псотигне гол, наспроти Јерузалем кој со два погодоци намали на 14:10 Бикоски со гол го прекинува лошиот период и носи водство на својот тим од 15:10. Црвено-црните беа подобрите на теренот и имаа контрола на резултатот, а во последните десет минути од мечот се влезе со резултат од 17:12. Како одминуваше натпреварот, се повеќе го зголемуваме водството, за  на три минути пред крајот да имаме убедливи 21:13. Последние минути беа рутина за нашиот состав, кој славеше со конечен резултат од 23:16.

И на овој меч најефикасни беа Васе Наков и Ален Ќосевски, кои постигнаа по 5 голови.

РК Вардар: Блажевски, Игнов , Динев 2, Антевски , Миланов 1, Атанасовски 3 , Манев , Бикоски 3 , Кизиќ, Олтовски , Нанов, Стојановски , Мисаилески 4 , Мајсторовски, Наков 5 , Ќосевски 5 .

После стартниот пораз, триумф и за пионерите на РК Вардар, кои беа подобри од екипата на Метковиќ. Павловски со гол го отвори мечот за почетно водство на Вардар од 1:0, додека по 5 минути игра имавме и водство од 3:0. Првиот гол противникот го постигна во 7 минута кога намали на 3:1. До 13 минута се играше гол за гол, а Вардарци одржуваа предност од 2-3 голови, кога во последните две минути направивме серија од 4:0 и на одмор заминавме со предност од 11:5.

Први постигнавме гол и во вториот дел преку Бојан Чакалиќ, за веќе високи 12:5. Оваа позитива од седум гола разлика ја одржувавме до 21 минута, кога резултатот на семафорот беше 16:9. Беше и 19:12, за избраниците на Будимир да направат серија од 3:0 и да имаат двоцифрена предност од 22:12. Последниот гол на мечот беше за противникот, кој ги постави конечните 22:13.

Бојан Чакалиќ повторно најдобар стрелец со 5 голови, додека 3 постигна Симон Калајџиски. По два пати во листата на стрелци се запишаа Благој Димчески, Никола Жерновски и Андреј Трајановски.