Sunday ,24 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Дали ЕХФ предвреме го однесе Фленсбург на Ф4 ? Дали мора да има германска екипа во Келн

Дали ЕХФ предвреме го однесе Фленсбург на Ф4 ? Дали мора да има германска екипа во Келн

Утре се игра првиот натпревар од четврфиналето на лигата на шампиони, каде Вардар ќе гостува на екипата на Фленсбуг. Влогот е голем за двете екипи, а значи пласман на завршниот турнир во Келн. Како се ближат часовите пред започнување на овој натпревар, така се вжештува и атмосферата за овој двомеч. Но она што сакаме да го кажеме преку нашиот текст е дали ЕХФ предвреме го однесе Фленсбург на Ф4. Денес тие излегоа со сторија или наслов: ПЕТ ПРИЧИНИ ЗОШТО Фленсбург и Кил ќе стигнат до КЕЛН. Дали Ф4 неможе да се замисли беа германски екипи, или барем една од овие два тима би требало според ЕХФ да игра на завршниот турнир. Фленсбург во многу факти кои се наведени од ЕХФ е во предност и тоа е тимот кој треба да победи во овој двомеч. Во анализата се вели следново:

-Фленсбург само еднаш има играно на завршните турнири и тоа во сезоната 2013/14 кога го освоија трофејот. Минатата сезона за еден гол беа елиминирани од шампионот Киелце, а сега тие ќе сакаат да се избегне истиот резултат против Вардар. Секогаш екипи од бундеслигата се соочуваат со македонската екипа во која било фаза од Лигата на Шампионите, тие победувале, а потоа и стигнувале барем до финалето. Исто така, Вардар има уште еден факт во своите глави – тие беа елиминирани во четврт-финалната фаза на три пати по ред, што значи дека никогаш не ја виделе LANXESS арена или Келнската катедрала. 

Со потценување се гледа освојување на СЕХА-лигата, која според нив е далеку од нивото на бундеслигата.

Вардар само што ја освои СЕХА лигата со стил, крунисувајќи ја својата најдобра сезона во оваа лига, со својот трет трофеј. Но, исто така, играњето во СЕХА лигата не може да се спореди со играње во Бундеслигата, каде само пет или шест екипи се на највисоко ниво. Кил и Фленсбург секоја недела имаат тежок натпревар во лига како Бундеслигата, каде последнопасираниот тим може да го победи првопласираниот тим, што ја дава вистинската слика за квалитетот и силата на лигата.

Дека Германците се силно обединети во целта да стигнат до Келн, говори и коментар на еден од директорите во Рајн-Некар Левен,( Klaus Schnecke) кој нашите навивачи ги нарече “арогантни“.

18052786_1364067817008081_1208125824_n

Сомнително е и делегирањето на Дански судии на реваншот во Скопје, ако се знае дека  целата екипа, спонзорите и останати работници на Флензбург се Данци. Дали ЕХФ предвидува веќе испланирано сценарио, како пред три сезони, кога исто така на реваншот во Скопје имаше многу сомнителни одлуки на штета на Вардар.