Wednesday ,08 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > (ФОТО) Црвено-црните го имаа последниот тренинг во “Фленс“ арената, каде утре ќе се игра мечот со Фленсбург

(ФОТО) Црвено-црните го имаа последниот тренинг во “Фленс“ арената, каде утре ќе се игра мечот со Фленсбург

Вардарци вечерва во “ФЛЕНС“ Арената  го одржаа последниот тренинг пред утрешниот прв четврфинален меч против екипата на Фленсбург. Позитивна атмосфера владее кај нашите играчи, кои со нетрпение го очекуваат утрешниот дуел. Подготвени се за предизвикот кој им следува и свесни се за тежината на овие два натпревари со Фленсбург.

18034067_10155639523690348_4033095913022196986_n

Вардар за прв пат ќе се обиде да стигне до завршниот турнир во Келн, а тоа да се оствари треба да се помине и последната пречка во името на Фленсбург. Поголем мотив за црвено-црните е елиминацијата пред три сезони, токму од овој противник, во истата елиминациска рунда.