Sunday ,19 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Капитенот на Флензбург, Карлсон: Вардар и пред три години беше силен, сега е многу подобар

Капитенот на Флензбург, Карлсон: Вардар и пред три години беше силен, сега е многу подобар

Стариот должник  и поранешниот европски шампион екипата на германски  Флензбург денес ќе се соочи во натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампионите против македонскиот првак Вардар. Пикерот на германците,  играчот од Шведска кој е капитен на овој состав,  Тобиас Карлсон пред пресметката која вечер е на програмата изјави:

Мислиме дека ќе можеме да го повториме она што го направивме во претходото наше меѓусебно соочување. Исто така знаеме дека има доста промени во однос на тој двомеч, како кај нас, така и кај нивниот состав. Вардар и во таа 2014 година беше многу добар, а пак сега е уште подобар колектив. 

Денешниот натпревар кој се игра од 17-30 часот македонската спортска јавност ќе може да го проследи низ директен пренос на Македонската радио и телевизија, на нејзиниот прв програмски канал.